Нов епископ во Бугарската Православна Црква
 
 
 
 
 

Нов епископ во Бугарската Православна Црква (21.12.2007)

На седницата на полниот состав на Светиот Синод, архиереите донесоа решение за хиротонија на нов епископ на Бугарската Православна Црква. Тоа е архимандрит Даниил од Роженскиот манастир, Неврокопска епархија.

 

Наречението на новиот епископ ќе биде на 19 јануари, а хиротонијата ќе биде извршена на 20 јануари. Се очекува после хиротонијата, новиот епископ да биде викарен на Неврокопскиот митрополит Натанаил.

 

Од Неврокопската епархија е и новиот протосингел на Софиската митрополија архимандрит Григориј.

 

Архимандритoт Даниил е роден во 1972 година. Замонашен е во 1999 година, а во архимандритско достоинство е произведен во 2006 година. Има завршено англиски јазик и теологија на Софискиот Универзитет.

 

Извор: Dveribg.net