Почина поранешниот Архиепископ кипарски Хризостом I
 
 
 
 
 

Почина поранешниот Архиепископ кипарски Хризостом I (22.12.2007)

Денес почина поранешниот Архиепископ кипарски Хризостом I во својата 80 година. Во недела неговото тело ќе биде изложено во соборната црква на свети Јован во Никозија, а во понеделник ќе биде погребено. Опелото ќе го изврши Архиепископот Хризостом II.

 

Поглаварот на Кипарската Црква ја изрази својата длабока жалост поради смртта на Архиепископот Хризостом I, кој беше голем духовник и работник на нивата Господова и кој со својот труд и личен пример направи многу за Кипар во најтешките моменти за островот во 20 век. Заради сето тоа неговото име ќе биде запишано на страниците на историјата на Кипарската Црква.

 

Во април 2000 година, Архиепископот Хризостом тешко ја повреди главата при паѓање на скалите во Архиепископската резиденција и од таа повреда никогаш потполно не се опорави. Истата година, добива и Алцхајмерова болест како последица на овој пад. Следната година падна во кома.

Архиепископот Хризостом е роден во селото Статос на Патос. Беше монах во манастирот Кикос, а као стипендист на манастирот ја заврши Кипарската гимназија во 1950 година, после која студираше теологија и книжевност на Атинскиот универзитет. Потоа стана архимандрит и професор во Кипарската гимназија. Во 1973 година е хиротонисан за Епископ на Патмос, а на 21 ноември 1977 година избран е за Архиепископ кипарски наместо Блаженоупокоениот Архиепископ Макариј III.

 

Извор: Pravoslavie.bg