Романскиот патријарх Даниил и Албанскиот архиепископ Анастасиј го посетија Атинскиот архиепископ
 
 
 
 
 

Романскиот патријарх Даниил и Албанскиот архиепископ Анастасиј го посетија Атинскиот архиепископ (23.12.2007)

Ромaнскиот патријарх Даниил ја посети Грција специјално за да се сретне со Атинскиот архиепископ Христодул којшто е на лекување во домашни услови, за да му ги пренесе топлите чувства на сострадание и молитвената поддршка на романскиот народ.

 

Веднаш по него во домот на Архиепископот во Психико дојде и Албанскиот архиепископ Анастасиј, којшто разговараше со поглаварот на Грчката Црква околу 20 минути. На излегување тој рече дека Архиепископот овој пат изгледа подобро во однос на последната нивна средба, но „сега останува само верата, надежта и љубовта“.

 

Извор: Romfea.gr