Кинеската Православна Црква ќе отвори претставништво во Москва
 
 
 
 
 

Кинеската Православна Црква ќе отвори претставништво во Москва (06.01.2008)

Светиот Синод на Руската Православна Црква на своето заседание од 27 декември го ислуша извештајот од смоленскиот и калиниградски Митрополит Кирил, претседател на Одделот за надворешни црковни врски за неговата неодамнешна посета на Кина. Беше заклучено дека таму сѐ уште нема доволно слобода за востановување на дејноста на Кинеската Православна Црква.

Православната Црква во Кина, најбројната земја во Азија и во светот, е основана како плод на руката духовна мисија која започнала со дејствување од 1713 година. Во 1954 година дејноста ѝ е забранета од комунистичката власт. Руската Црква скоро после тоа го хиротониса архимандрит Василиј Шуан во епископ на Пекинг. По неговата смрт (1965) Кинеската Православна Црква престанала да постои како институција.

Од извештајот на Митрополитот Кирил станува јасно дека Кина денес има околу 15 илјади православни христијани но тие сѐ уште не можат да се организираат како самостојна црковна структура. Затоа засега православноте Кинези остануваат под раководство на Рускиот патријарх, како што решил Рускиот синодот во 1997 година.

 

Извор: Патриархиа.ру