Во храмот на Христос Спасителот во Москва се одржа празнична божикна богослужба (07.01.2008)
Свечената служба на празникот на Христовото Раѓање во катедралниот храм во Москва ја возглави Неговата Светост Рускиот патријарх Алексиј II. На Божествената Литургија присуствуваа околу 5 илјади луѓе, меѓу кои и првиот вице-премиер на Владата на Русија Д.А. Медведев со сопругата. На Рускиот патријарх му сослужуваа архиепископот истрински Арсениј и епископот дмитровски Александар.
Сегашниот претседател на Русија, Владимир Путин, го прослави Божик во Волгоградската област во црквата „Св. Прокопиј“. По традиција рускиот претседател Божик го слави во внатрешноста на Русија и тоа е уште една прилика за негова средба со обичните луѓе. Иако во Волгоградската област температурата беше под минус 30 степени, во црквите дојдоа многу луѓе и сите тие се обидуваа да му се доближат на претседателот и лично да му го честитаат православниот празник.
Извор: Патриархиа.ру