Грузија (08.01.2008)
Празникот на Раѓањето Христово во Грузија се празнува по јулијански календар; прогласен е за државен и за неработен ден. Празничната божикна богослужба ја возглави Грузискиот патртијарх Илија II. На богослужбата присуствуваа претседателот на Грузија, премиерот на Владата, претставници од извршната и законодавна власт и од политичките партии.
На иницијатива на Грузискиот патријарх Илија II во земјата се возобновува една добра традиција: на Божикната ноќ во сите православни семејства покрај прозорците се ставаат запалени свеќи – за спомен на тоа дека во ноќта на Христовото Раѓање, Јосиф Обручникот и Пресвета Дева Марија барале засолниште. „Со палењето на свеќи покрај прозорците ние симболички ја повикуваме Богородица и Ја покануваме во нашиот дом“, ни објасни Поглаварот на Грузиската Православна Црква.
Според многувековната традиција на денот на Рождеството Христово во Грузија се прави празнична Литија „Алило“ (според еврејското Алилуја). Свештенослужителите и паствата се собираат пред црквите и со икони, крстови и песни ја почнуваат Литијата низ улиците. На чело на поворката се движи запрежна кола со впрегнати волови. Најбројни учесници во оваа Литија „Алило“ се деца. Главите учесници во празничната Литија „Алило“ се оние који ја носат Благата Вест. Тие со песни ги известуваат сите минувачи за Раѓањето на Христос. Оние који ја носат Благата Вест се облечени во бела облека со црвени крстови, а во рацете носат знамења. Кон празничната Литија се присоединуваат со дарови сите кои сакаат. По завршетокот на празникот даровите се даваат на детските домови и на сиромашните.
Во Тбилиси „Алило“ почна на 7 јануари во 14 часот од плоштадот „Револуција на рози“ и заврши пред патријаршискиот соборен храм на Света Троица.
Извор: Патриархиа.ру