Претседателот Џорџ Буш во Витлеем
 
 
 
 
 

Претседателот Џорџ Буш во Витлеем (12.01.2008)

Американскиот претседател Џорџ Буш при својата посета на Светата земја се сретна со Неговото Блаженство патријархот Теофил ІІІ, поглаварот на Ерусалимската Црква. Во својата изјава пред заминувањето од црквата на Рождеството Христово во Витлеем, претседателот Буш им се заблагодари на луѓето од Витлеем и ја изрази својата надеж дека еден ден како резултат на создавањето на палестинската држава, „нема да има ѕидови и места за контрола, и луѓето ќе можат да се движат слободно во една демократска држава. Оваа визија е вдахновена во голема мера од мојата вера дека има Семоќен Бог, а дар на Семоќниот за секој маж, жена и дете на лицето на земјата е слободата.“

 

Патријархот Теофил ІІІ го поздрави претседателот Буш и го прими како поклоник на Светата земја и пратеник за мир и правда во една земја „измачувана од тешки бремиња и болка“, како што се изрази тој. Патријархот исто така му посака на американскиот претседател успех во претстојната посета и во неговите усилби за постигнување на правда, помирување и вистински траен мир на Блискиот исток. „Ги имате нашите молитви за успех во вашата мисија за мир“, рече патријархот Теофил.

 

Извор: Cmep.org