Патријархот Максим ќе го прими Путин во црквата на Свети Александар Невски (15.01.2008)
Неговата Светост Бугарскиот патријарх Максим и архиереите од Светиот Синод на БПЦ ќе се сртенат со претседателот на Русија Владимир Путин на 18 јануари во црквата на свети Александар Невски. Тоа ќе се случи после свеченоста на официјалната посета на рускиот државен претседател на Бугарија, која што ќе се одржи утре пред споменикот на Незнајниот војник.
Главниот секретар на Светиот Синод епископот Наум соопшти дека патријархот и митрополитите ќе му подарат на Путин икона на свети цар Борис Први.
Извор: Православие.бг