Во мај ќе се бира новиот Патријарх на СПЦ!
 
 
 
 
 

Во мај ќе се бира новиот Патријарх на СПЦ! (17.01.2008)

Од доверливи извори, блиски на Патријаршијата во Белград дознаваме дека поради повеќегодишната влошена здравствена состојба на Српскиот патријарх Павле изборот на новиот патријарх ќе биде одржан на редовното мајско заседание на Светиот Архиерејски Собор на Српската Православна Црква. Како што ни потврдува изворот, здравствената состојба на патријархот Павле е критична, бидејќи Неговата Светост веќе неколку недели е во кома – несвесна состојба. Повремено се буди, но состојбата му е критична.

И додека информативната служба на Патријаршијата во Белград известува за влошеното здравје на архиепископот Христодул опишувајќи го како „критично но стабилно“ за здравствената состојба на Патријархот српски, нема ниту збор.

Она што оваа служба на Светиот Синод известува е дека штом Патријархот Павле накратко ќе се разбуди од кома – се заблагодарува на Божикните честитки.

Сите во патријаршијата се најверојатно преокупирани со подготовки за мајскиот Собор. Тогаш ќе се бира новиот српски патријарх. Доаѓаат тешки времиња.

 

Извор: Novinar.de