На празникот на Крштението Господово Рускиот патријарх Алексиј отслужи Божествена Литургија во соборниот храм на Богојавление
 
 
 
 
 

На празникот на Крштението Господово Рускиот патријарх Алексиј отслужи Божествена Литургија во соборниот храм на Богојавление (20.01.2008)

Според востановената традиција на денот на Крштението Господово, Неговата Светост Рускиот патријарх Алексиј го возглави богослужението во соборниот храм посветен на Богојавление во Москва, којшто го одбележа и својот храмов празник. По завршувањето на Божествената Литургија Неговата Светост изврши Голем Богојавленски Водосвет и им се обрати на присутните верни со пригодна беседа.

„Овој настан – рече Патријархот – се однесува и на сите нас, што денес се собравме во црковните храмови за да ја осветиме водата. Ние богојавленската вода ја чуваме како голема светиња, осветувајќи ги со неа нашите домови и вкусувајќи од неа со вера – не само кога сме во искушенија и страдања, туку и во моментите на радост, за духовна поткрепа“.

 

      

 

 

 

 

 

 

 

  

     

 

 

 

 

 

 

 

  

        

 

 

 

 

 

 

 

Извор: Патриархия.ру