Ракоположен нов епископ на Бугарската Православна Црква
 
 
 
 
 

Ракоположен нов епископ на Бугарската Православна Црква (20.01.2008)

Неговата Светост Бугарскиот патријарх Максим денеска чиноначалствуваше со Божествената Литургија, на која беше хиротонисан архимандритот Даниил за Драговитиски епископ. Во богослужението учество зедоа Сливенскиот Митрополит Јоаникиј, Видинскиот Митрополит Дометијан, Варненскиот и Великопреславски Митрополит Кирил, Великотрновскиот Митрополит Григориј, Русенскиот Митрополит Неофит, Неврокопскиот Митрополит Натанаил, Ловчанскиот Митрополит Гаврил, Стобискиот Епископ Наум, Адрианополскиот Епископ Евлогиј, Деволскиот Епископ Теодосиј, Макрианополскиот Епископ Константин, Знеполскиот Епископ Јован и мноштво свештенослужители. Храмот беше исполнет со верен народ. Мноштво верни дојдоа од Неврокопската епархија за да присуствуваат на хиротонијата на клирик од нивната епархија. Со слово кон новоракоположениот Епископ се обрати Неговата Светост патријархот Максим. Тој напомна за квалитетите коишто треба да ги поседува Епископот. Во својот одговор, епископот Даниил вети дека ќе се труди неуморно за доброто на Црквата и татковината и ќе се грижи да стане достоен за големото доверие кое му е укажано со оваа хиротонија. После Литургијата, беше организиран прием во синадолната палата.

 

 

                     

      

                                          

Извор: Двери.бг