Рускиот патријарх и претседателот на Молдавија ја осудија политиката на Романската патријаршија (22.01.2008)
Претсeдaтелот на Молдавија Владимир Веронин и Рускиот патријарх Алексиј II ја осудија политиката на Романската Патријаршија во врска со дејноста на т.н. Бесарабиска митрополија на територијата на Молдавија. „Создавањето на т.н. Бесарабиска митрополија и нејзините структури се дел од агресивната политика на Романија кон суверената молдавска држава“, изјави Владимир Воронин пред новинарите после средбата со Рускиот патријарх во Москва.
Според него во овој црковен конфликт „се кријат многу повеќе нешта, отколку што ги кажува Романската Патријаршија на свештениците на територијата на Молдавија“. Молдавскиот претседател напомна дека уште од моментот на создавањето на независната Молдавска држава „Романија фактички не ја признала Република Молдавија за суверена држава“. „Ние имаме намера со сите сили да се бориме против таа агресија“, рече тој.
Од своја страна, Рускиот патријарх Алексиј изјави дека Руската Црква ќе продолжи со преговорите со Романската патријаршија односно околу формирањето на трите нови епархии во 2007 година во рамките на т.н. Бесарабиска митрополија“ – дејствија коишто беа осудени од Светиот Синод на Руската Православна Црква.
„Тоа беше антиканонски акт на мешање во територијата на друга помесна Православна Црква и создавање на епархии на неа“, рече Рускиот патријарх.
Извор: Интерфакс