Претседателот на Европската Комисија се сретна со претставници на Православните Цркви во ЕУ (25.01.2008)
На 24 јануари претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Баросо се сретна со претставници на Православните Цркви во Европската унија. На средбата зедоа учество Митрополитот Галијски Емануел (Цариградска патријаршија), Виенскио-австрискиот Епископ Иларион Алфеев (Московска Патријаршија), Неаполскиот Епископ Порфириј (Кипарска Црква) и Ахајскиот Митрополит Атанасиј (Грчка Црква). На средбата се дискутираше за прашања кои се однесуваат на дијалогот помеѓу Православната Црква и европските меѓународни организации. Обраќајќи се на г. Жозе Баросо, Епископот Иларион го постави прашањето за зголемената христијанофобија во Европа: „Ние често слушаме за антисемитизам и исламофобија, но многу ретко се зборува за христијанофобијата, која сѐ повеќе зема замав во многу европски држави. Таа постои во различни форми, вклучувајќи го отстранувањето на христијанските симболи од општествените сфери, навредување на христијанството и откажување на признавањето на христијанското наследство на Европа, прогонување на луѓето, кои отворено ги исповедаат христијанските вредности и кои се стремат да живеат во согласност со христијанските норми.“ Претставникот на Руската Црква потсети на неодамнешното разгледување на темата за христијанофобијата во Британскиот парламент и забележа дека такво разгледување е неопходно и во европските меѓународни организации. Претставниците на христијанските цркви во Европа треба да бидат поканети за учество на таквата дискусија, соопштува прес-службата на РПЦ во европските меѓународни организации.
Извор: Interfax-religion.ru