Митрополитот Диоклиски Калист избран за член-кореспондент на Атинската академија (25.01.2008)
Англискиот православен богослов Митрополитот Диоклиски Калист избран е за член-кореспондент на Атинската академија. На 5 февруари во Атинската академија ќе се одржи официјален прием во чест на Митрополитот Калист. Почетен збор ќе одржи претседателот на Академијата професор Константин Дракатос. За научните заслуги на Митрополитот Калист ќе говори членот на Атинската академија Митрополитот Пергамски Јован (Зизиулас). Потоа Митрополитот Калист ќе одржи предавање (на грчки јазик) „Човекот како Тајна. Единството на личноста според учењето на грчките отци“, соопштува официјалниот сајт на Атинската академија.
Извор: Patriarhia.ru