Премиерот на Грција изрази поддршка на Цариградската Патријаршија
 
 
 
 
 

Премиерот на Грција изрази поддршка на Цариградската Патријаршија (25.01.2008)

Премиерот на Грција Костас Караманлис при посетата на Цариградската Патријаршија во Истанбул, ѝ изрази поддршка на грчката христијанска општина во Турција.

„Посетата на грчкиот премиер на Турција ја зајакнува надежта за понатамошно продлабочување на односите и дружење меѓу двете земји“. Ова го изјави Цариградскиот патријарх Вартоломеј, при приемот на грчкиот премиер, неговата сопруга и министерката за надворешни работи на Р. Грција Дора Бакојани, во зградата на Патријаршијата.

„Познато ни е со какви потешкотии се соочувате. Ние ја поддржуваме Патријаршијата во заштитата на нејзините права“, рече грчкиот премиер. „Отворањето на семинаријата Халки за нас е еден од приоритетите“, истакна премиерот.

Во центарот на вниманието при средбата на претседателите на Владите на двете земји било прашањето за Цариградската Патријаршија, која претендира кон признавање на нејзиниот „вселенски статус“ од страна на властите во Турција. Турскиот премиер на прес-конференцијата со премиерот Караманлис во врска со ова рече дека официјална Анкара ќе го разгледа прашањето на „вселенскиот статус“ за „внатрешен проблем на христијанскиот свет“. На тој начин турскиот премиер Ердоган наговести дека турските власти уште од порано го сметаат Цариградскиот патријарх Вартоломеј во својство на лидер на немногубројното грчко христијанско малцинство, кое живее во земјата. Неговата бројност според податоците изнесува околу 20 илјади луѓе.

 

Извор: Patriarhia.ru