Медиумска невистина со благослов на самонаречениот „архиепископ“?
 
 
 
 
 

Медиумска невистина со благослов на самонаречениот „архиепископ“? (01.02.2008)

Медиумска лага!

Веќе неколку недели разни медиуми во Србија пренесуваат информации и пораки кои со некакво Божјо чудо „ги испукува“ тешко болниот (неподвижен и без свест) Неговата Светост патријархот Павле. Некој тука е или луд или глув.

Изгледа, сериозната национална агенција како што е Танјуг заборавила дека Патријархот Павле сѐ уште лежи во полужива состојба на ВМА. Може ли Патријархот Павле да зборува, да се движи и воопшто дали е во свесна состојба?! Ова изгледа е помалку важно. Тоа што било планирано, веќе е сторено. Класично дезинформирање. На Танјуг му е пратена информација, најверојатно од страна на информативната служба на СПЦ. Агенцијата пуштила непроверена информација во етeр. РТС ја презелa наведената непроверена информација на Танјуг, од збор до збор, од која не може да се види изворот, и која во потполност е невистинита, од аспект на оној кој ја праќа.

Кој ја сочинува сегашната, чудна информативна служба на СПЦ?

До кога така и зошто така? Постои ли „сива еминенција“ во СПЦ и зошто на неа безрезервно ѝ се верува?

А еве ја непроверената вест на Танјуг од 30.01.2008 година, без наведен извор и со титула „архиепископ цетињски“ која никогаш званично и јавно не била доделена:

„Патријархот Павле упати сочувство на Грчката Црква и народот!

Белград. – Поглаварот на Српската Православна Црква патријархот Павле упати денес до Грчката Православна Црква и народот на Грција сочувство по повод смртта на Архиепископот Атински и цела Елада Христодул.

Патријархот Павле упати изрази на длабоко сочувство во свое лично име и во име на Светиот Архиерејски Синод и православниот српски народ. Од името на Патријархот Павле на погребот на архиепископот Христодул, утре во Атина, ќе присуствува архиепископот цетињски Амфилохиј и архиепископот охридски Јован.

Делегацијата на СПЦ ќе ја придружува пензионираниот епископ захумско-херцеговачки Атанасиј кој е моментално во посета на Кипарската Православна Црква...“

Секоја чест, новинари професионалци!

 

Пишува: Срѓан Марјановиќ

 

Коментар на веста:

 

            Не би се чуделе и не би се прашувале многу, зошто е сето тоа така, храбар и почитуван господине Марјановиќ, кога би знаеле дека со лаги, дезинформации и злоупотреби во СПЦ се служи само господинот Иринеј Буловиќ! Затоа што никој освен него не ги злоупотребува името и староста на нашиот свет Патријарх – со години наназад, затоа што никој така не се грижи за „честа и угледот“ на господинот Вранишковски, таканаречениот архиепископ Охридски, и затоа што никој така болно не го посакува местото Патријарх на СПЦ.

Разбирливо е до некаде зошто се крие од јавноста вистинската здравствена состојба на нашиот Патријарх. Но затоа, најнормално ќе беше да се каже отприлика дека: Митрополитот Црногорско-приморски итн..., Амфилохиј упати изрази на длабоко сочувство до Грчката Православна Црква и народот на Грција по повод смртта на Архиепископот Атински и цела Елада Христодул, во име на Неговата Светост Патријархот Павле (како Негов заменик), во име на Светиот Архиерејски Синод на СПЦ како и во името на православниот српски народ.

 

Мирослав Стојиќ

 

Извор: Novinar.de