Пловдивскиот Митрополит Николај (Бугарска Православна Црква) им предава на децата религија
 
 
 
 
 

Пловдивскиот Митрополит Николај (Бугарска Православна Црква) им предава на децата религија (05.02.2008)

Денес, Пловдивскиот Митрополит Николај им одржа предавање по религија на децата од основното училиште “Христо Богоев“ во градот Пловдив, Бугарија. Денес започна изучувањето на религијата како слободен изборен предмет во пловдивските училишта.

 

Првото предавање, коешто Владиката Николај им го одржа на децата, се состоеше во тоа што тој им покажа како да се крстат и која е смислата на тоа. На предавањето присуствуваше градоначалникот на градот и многу новинари. Во почетокот на второто полугодие околу 1100 деца од градот ќе ја изучуваат религијата, а околу 25 наставници ќе им предаваат. Средствата се осигурани од буџетот на Општината.

 

На 6 февруари, ќе биде одржана прес-конференција на Светиот Синод на БПЦ со цел јавно да се изложат основните идеи и планови на Светиот Синод во врска со религиозното образование во бугарските училишта. Според архиереите, бугарското општество не е доволно запознаено со тоа што го предлага Светиот Синод, односно со тоа што учениците треба да изучуваат по предметот религија. Затоа, сметаат дека е неопходно да преземат мерки со цел идеите на архиереите да допрат до народот и да им ја претстават на луѓето содржината на оваа концепција на Светиот Синод, уверувајќи ги дека таа не ги штити своите интереси туку мисли за доброто на идното поколение на својата земја.

 

Извор: Dveribg.net