Присуството на свештеници во војската ќе помогне да се намали бројот на самоубиства кај војниците, изјави Руската Православна Црква (08.02.2008)
Во Московската Патријаршија институцијата на военото духовништво се смета за ефикасна мерка за спечување на самоубиства во руската војска.
„Потполно да го реши овој проблем Црквата не може, но може да помогне во неговото разрешување. Присуството на свештеникот во војската му овозможува на војникот да му се обрати за помош. Бидејќи свештеникот пред сѐ се занимава со прашања од духовниот живот на човекот, тој секогаш знае што да му каже на војникот, кој се наоѓа на граница на самоубиство“ – рече претседателот на синодалниот Оддел за соработка со вооружените сили протоереј Димитриј Смирнов.
На ваков начин тој ги прокоментира податоците за значителниот неборбен губиток во армијата и флотата во 2007 година (според податоците погинале 410 луѓе, од нив повеќе од половината имале извршено самоубиство).
„На војникот секогаш му е полесно да му се обрати на свештеникот отколку на командирот. И моралната атмосфера во тие единици каде што се капеланите, се подобрува. Меѓу оние што го отслужуваат воениот рок се јавува такво духовно олеснување.“
Отец Димитриј, исто така, истакна, дека во Црквата, особено, воените свештеници, веќе имаат опит од спречување на самоубиства и пружање помош на војниците кои се во кризни ситуации.
Извор: Интерфакс