Концепција на Бугарската Црква околу изучувањето на религијата во училиштата
 
 
 
 
 

Концепција на Бугарската Црква околу изучувањето на религијата во училиштата (08.02.2008)

На прес-конференцијата на тема „За традицијата и против експериментите“ организирана од Светиот Синод на Бугарската Православна Црква, Митрополитите цврсто застанаа на позицијата дека единствен прифатлив начин да се изучува религијата во бугарското училиште е на конфесионална основа. Ова му овозможува на детето да се запознае најнапред со сопствената религија, а потоа го воведува во светот на религиското разнообразие. На тој начин детето ќе има здраво изградена вера и морална основа, формиран став, на основ на кои ќе ги прави изборите во својот живот.

Концепцијата на Светиот Синод предвидува воведување како задолжителен предмет „Религија“ во училиштата со алтернативно изборен профил. Освен Православие, ислам или некоја друга од основните религии, децата ќе можат да одберат неконфесионален профил „Етика“ или „Наука за религиите“.

 

Извор: Dveribg.net