Дадена државна акредитација на вишите духовни училишта во Русија
 
 
 
 
 

Дадена државна акредитација на вишите духовни училишта во Русија (09.02.2008)

Вчера, на третата седница на Руската дума се изгласа законопроект за државна акредитација на вишите духовни училишта во Русија. 20 години од почетокот на промените, државата најнакрај призна дека богословието е рамноправен учебен предмет, како и останатите науки. Ова се оценува како голем продор во силното атеистичко мислење во Русија наследено од комунистичкиот период. Според новиот закон вишите духовни учебни установи ќе добијат државна акредитација, но не и статус на државни училишта. Затоа нивните дипломци ќе добиваат дипломи според државниот образец, но без државен грб изобразен на нив.  

Учебните институции треба да бидат подготвени да ги прилагодат учебните програми на државниот стандард за предметот „Теологија“ и во нив да бидат вклучени дополнителни програми, како на пример физичко образование. Студентите, кои се примени во богословските институти, можат да добиваат како и останатите студенти одложување на служење на воениот рок, како и право да се кандидираат за стипендии. Во моментов Русија има 39 виши учебни установи, но досега дури на дипломираните од Московската духовна академија и Петербургската духовна академија не им беше признато вишо образование.

 

Извор: Dveribg.net