Руската Православна Црква повикува да не се верува во хороскопите
 
 
 
 
 

Руската Православна Црква повикува да не се верува во хороскопите (10.02.2008)

Во Московската патријаршија ги повикаа верните да не се занимаваат со хороскопите, соопштува „Интерфакс-религија“.

 

Треба да не забораваме дека човекот сам одлучува за своите постапки и дека  е за нив одговорен пред Бог. Спасителот рече: Пред Бог дури и влакната на главата ни се изброени. И без Неговата волја ништо не се случува. Затоа за христијаните треба да е срамно да веруваат во хороскопи – смета раководителот на службата за комуникации на Одделот за надворешни црковни врски на Московската патријаршија, свештеникот Михаил Прокопенко.

 

Извор: Blagovest-info.ru