10 февруари – Собор на Руските новомаченици и исповедници
 
 
 
 
 

10 февруари – Собор на Руските новомаченици и исповедници (10.02.2008)

Соборот на Руските новамаченици и исповедници се празнува на 7 февруари (25 јануари), доколку овој датум е во ден недела, а ако пак така не се совпадне се слави во првата недела после 7 февруари. На овој ден на Соборот на Руските новомаченици и исповедници се празнува споменот на светителите чијшто ден на упокојување не е познат.

 

На овој ден Светата Црква ги спомнува сите починати, што пострадаа за време на прогоните за верата Христова. Спомнувањето е одредено според одлуката на Светиот Синод на Руската Православна Црква од 30 јануари 1991 година, врз основ на одлуката од Помесниот Собор 1917-1918 година.

 

Жестокиот и крвав 20 век стана особено трагичен за Русија, која изгуби милиони свои синови и ќерки не само од надворешни непријатели, туку и од сопствени гонители -богоборци. Меѓу злосторнички убиените и намачените во време на прогонството има неброено мноштво православни: мирјани, монаси, свештеници, архиереи, чија што единствена вина беше нивната цврста вера во Бог.

 

Прославувањето на Руските новомаченици и исповедници, во ликот на светители, на јубилејниот Архиерејски Собор во 2000 година, на прагот на илјадагодишнината, подвлече линија под страшната епоха на безбожништвото. Ова прославување му ја покажа на светот големината на нивниот подвиг, ги озари патиштата на Промислата Божја во судбините на Русија, стана сведоштво за длабоко осознавање на трагичните грешки и заблуди на народот. Во светската историја уште не се случило, толку нови, небесни застапници да бидат прославени во Црквата (кон ликот на светиите се приброени повеќе од илјада нови маченици).

 

Меѓу тие што пострадаа за верата во 20 век се – светиот Тихон, Патријарх Московски и на цела Русија; светите Царски Маченици; свештеномаченикот Патар Крутицкиј; свештеномаченикот Владимир, митрополит Киевски и Галицки; свештеномаченикот Венијамин, митрополит Петроградски и Гдовски; свештеномаченикот Серафим Чичагов, митрополит; свештеномаченикот протопрезвитер Александар, клучар на црквата на Христос Спасителот; преподобните маченички Елисавета, кнегиња, и монахињата Варвара; и сето мноштво светии знајни и незнајни.

 

Иконата на новомачениците и исповедниците Руски е изработена од иконописците на Православниот Свето-Тихоновски Богословски Факултет.

 

Свети новомаченици и исповедници Руски, молете Го Бога за нас!

 

 

Извор: Патриария.ру