Сектор за духовно-просветителски проекти во Украинската Православна Црква
 
 
 
 
 

Сектор за духовно-просветителски проекти во Украинската Православна Црква (12.02.2008)

Со благослов на Блажениот митрополит Киевски и цела Украина Владимир при синодалниот оддел „Мисија на духовното просветување“ се формираше Сектор за духовно-просветителски проекти при Украинската Православна Црква.

Задачата на новоформираниот Сектор е да овозможи спроведување на духовно-просветителска програма и мерки на ниво на цела Украина и регионално, соработка на епархиските архиереи во мисионерските и духовно-просветителски трудови, укажување методолошка помош на епархиските оддели (духовно-просветителски, мисионераски, младински), на манастирите, на парохиите и духовно-просветителските центри во Украинската Православна Црква.

 

Извор: Patriarhia.ru