Интронизација на новиот Грчки Архиепископ во сабота
 
 
 
 
 

Интронизација на новиот Грчки Архиепископ во сабота (13.02.2008)

Интронизацијата на новиот Грчки Архиепископ Иероним ќе се одржи на 16 февруари 2008 година во атинската катедрала.

„Јас сум претседател на нашата висока ерархија, ерархијата е нашиот раководен орган, и јас сум прв меѓу еднаквите. Задолженијата ми се да претседавам, да восогласувам, да посредувам. Резултат би требало да биде просветлување од Светиот Дух и соработка меѓу нас. Сите прашања, надвор од овие задолженија на Архиепископот, ќе бидат разгледани од колективниот орган на Црквата. Не јас го определувам следниот ден на Црквата, туку Светиот Синод. Нема да употребувам власт, туку ќе служам“, изјави новиот Грчки Архиепископ.

Г. Иероним, обраќајќи им се на новинарите, нагласи дека информации околу случувањата во Црквата да се собираат од Светиот Синод, а не лично од него, бидејќи Синодот е управен орган на Црквата. На тој начин Архиепископот Иероним за првпат гласно ја искажа идејата дека Архиепископот е само Атински Митрополит и претседател на Светиот Синод, а не и извор на власт во Грчката Црква.

 

Извор: Romfea.gr