Митрополитот Натанаил: Почитувањето на „свети Валентин“ говори за моралот на луѓето
 
 
 
 
 

Митрополитот Натанаил: Почитувањето на „свети Валентин“ говори за моралот на луѓето (15.02.2008)

Бугарската Православна Црква на 14 февруари го празнува свети Кирил – Константин Философ (по нов стил). Други измислени светители на тој ден не празнуваме, изјави Неговото Вископреосвештенство Неврокопскиот митрополит Натанаил.

Според него, масовното почитување на свети Валентин во земјата зборува за состојбата на моралот на луѓето, нивното воспитание и избор. „За време на комунизмот ни се наметнуваше една идеологија, но верните не ја примија. Како христијани и духовници не можеме да го примиме наметнувањето на овој празник“, истакна митрополитот Натанаил. Тој дополни дека секој си има слобода на избор и слобода да се заблудува, но Црквата нема право да заблудува никого и дека секој има право на личен избор што да празнува. „Црквата само проповеда, а не им се наметнува на луѓето. Таквите празници, кои се поврзани со материјалното и особено, кои ја изопачуваат христијанската љубов, Црквата не може да ги прифати, зашто во Содом и Гомор имаше такви празници. Луѓето ќе дадат одговор пред Бога за тоа, што го направиле“, изјави во заклучокот Неврокопскиот митрополит Натанаил.

 

Извор: Православие.бг