Судот во Египет им дозволи на муслиманите да го примат христијанството
 
 
 
 
 

Судот во Египет им дозволи на муслиманите да го примат христијанството (15.02.2008)

Вишиот трибунал на администрацијата во Египет им дозволи на група копти, кои неодамна го примиле исламот, повторно да се вратат на христијанството. Судот реши во личните документи на 12-те мажи да им биде запишано дека се христијани, но да биде забележано дека извесен период биле муслимани. Тоа решение е преседан во египетското право. Неодамна при сличен случај судот не им пресуди на муслиманите да го примат христијанството.

Адвокатот на коптите овој случај го оцени како историски, а присутните копти  во салата гласно ракоплескаа и извикуваа „Да живее судот!“ Во моментов повеќе од 400 слични дела чекаат да бидат разрешени во египетските судови.

Египет е муслиманска земја, каде што 80% од населението го исповедаат исламот, а 8 милиони се христијани – копти. Таму е задолжително во личните докумнети да биде впишано едно од трите официјални монотеистички вероисповеди во земјата – исламот, јудеизмот, христијанството. Кој не впише ниту едно од нив, нема право да добие личен документ, кој се издава после возраст од 16 години.

 

Извор: Дверибг.нет