Интронизација на новиот Грчки Архиепископ (16.02.2008)
Денес, во митрополитскиот храм на Свето Благовештение во Атина се одржа интронизацијата на новиот Грчки Архиепископ Иероним.
Во говорот на интронизацијата Архиепископот Иероним ја нагласи важноста на соработката меѓу Црквата и државата во интерес на служењето на народот. Тој посочи дека клирот има обврска да сведочи дека Црквата постои за да ги обедини луѓето што се постигнува со дела, а не со зборови. Затоa, Црквата не треба да молчи за проблемите на луѓето.
Извор: Romfea.gr