Пренос на Света Литургија на интернет
 
 
 
 
 

Пренос на Света Литургија на интернет (16.02.2008)

Утрешната Света Литургија која што ќе ја отслужи Пловдивскиот Митрополит Николај во храмот на Пресвета Богородица во Пловдив ќе биде пренесена преку интернет, соопшти Јавор Гечев од сајтот на www.plovdivlive.com.

 

За првпат Света Литургија ќе се пренесува на интернет во живо. Револуционарната идеја е на самиот митрополит Николај. Утре се навршува една година од неговиот избор за митрополит на пловдивската катедра. Самиот сајт може да се гледа од кое било место на светот без потреба од дополнителни инсталации. Според екипата, серверот може да издржи истовремено 10 до 15 илјади корисници. Идејата на Митрополитот Николај е оваа практика да стане постојана, со цел сѐ повеќе луѓе да ги слушаат проповедите. Литургијата утре ќе биде снимана со 4 камери.

 

Извор: Православие.бг