Предавање на Митрополитот Диоклиски Калист
 
 
 
 
 

Предавање на Митрополитот Диоклиски Калист (20.02.2008)

Во вторникот на 19 февруари 2008 година, во организација на Центарот за Православни Христијански Студии “St. Andrew House” од Детроит, а во просториите на антиохиската православна црква на Свети Георгиј во Трој (Мичиген), Неговото  Високопреосвештенство Митрополитот Диоклиски Калист од Грчката православна епархија во Велика Британија, а сега помошник на Цариградскиот Патријарх одржа предавање на тема “Иднината на Православието во Америка Евхаристиската заедница и единставо: постигнување на двете”.
Интересот за ова предавање беше преголем и ги надмина очекувањата на организаторот кои беше принуден предавањето да го премести од предвидената предавална сала во самата црква. Исто така, организаторот дополнително интервенира со поделба на овој несекојдневен настан на два дела. Во првиот дел кој започна во 17 часот, Митрополитот Калист имаше двочасовна средба со 40 свештенослужители, претставници на православните и на другите христијански цркви. Македонската Православна Црква беше претставена од протојереј-ставрофор д-р Александар Мустеников.
На вториот дел присуствуваа повеќе од 500 христијани од разни нации, кои на ова предавање му дадоа вистински интернационален импулс.
По уводното претставување на Архиепископот Натанаил, Митрополитот Калист ги изнесе своите искуства и размислувања за иднината и опстанокот на Православието во дијаспората. Притоа, нагласувајќи ја важноста и неопходноста да се надмине религиозниот национализам и потоа само со меѓусебен респект, христијанска љубов и заемна соработка можеме да придонесеме Православието не само да опстане, туку и да остане “единствена вистинска вера”.

 

         

 

         

 

                  

 

  

 
Известува: Г. Стефанов