Епископот Виенски и Австриски Иларион го оспори мислењето на кардиналот Валтер Каспер околу подобрувањето на православно-католочките односи
 
 
 
 
 

Епископот Виенски и Австриски Иларион го оспори мислењето на кардиналот Валтер Каспер околу подобрувањето на православно-католочките односи (21.02.2008)

Епископот Виенски и Австриски Иларион не го споделува оптимизмот со претседателот на Папскиот совет, кардиналот Валтер Каспер, што се однесува на крајните резултати од средбите на православните и католиците во Равена.

 

            Неодамна претставникот на Ватикан, во интервјуто за весникот „Our Sunday Visitor“, коментирајќи го документот од есенската седница на Мешаната православно-католичка комисија во Равена, изјави дека е ‘прекинат застојот’ во дијалогот меѓу православните и католиците.

 

            „Јас не го споделувам оптимизмот со кардиналот Каспер по повод ‘равенскиот документ’ и сметам дека е таквиот оптимизам предвремен“ – изјави за Интерфакс Претседателот на Руската Црква при европски меѓународни организации, епископот Виенски и Австриски Иларион.

 

            Тој забелажа дека во Равена отсуствуваа Руската и Бугарската Православна Црква, како и Православната Црква во Америка. Членовите на тие Цркви сочинуваат повеќе од половина православно население на планетава.

 

            Следователно, заклучува епископот, равенскиот документ никако не може да се нарече „православно-католички“. Според неговите зборови, тоа е договор помеѓу претставниците на Католичката Црква и претставниците на неколку, не на сите, помесни Православни Цркви.

 

            Изјавите на Валтер Каспер тој ги оцени како предлог „да се стапи во унија со Рим“ по примерот на грко-католиците.

 

            „Ако на тој начин се прекинува ‘застојот’ како резултат на равенската средба, се плашам дека тоа нема да ги вдахнови православните верници, за кои унијата е симбол на насилство над нивната свест и предавство на Православието“ – изјави Владиката Иларион.

 

„Продолжување на дијалогот е неопходно, но, не со цел да се формира некоја нова унија, туку да се појаснат точките според кои најмногу се разликуваат православната и католичката еклисиологија“.

 

Делегација на Московската Патријаршија напушти една од првите седници на комисијата во Равена, не согласувајќи се со учеството на претставниците од така наречената ‘Естонска апостолска црква’, создадена во 1996 година од Цариградската Патријаршија на канонска територија на Руската Црква. А останатите учесници на седницата, во отсуство на претставниците на Руската Црква, го потпишаа документот кој го изразува гледиштето на природата на власта во Цариградската Патријаршија.

 

 

Извор: Патриархиа.ру