Архимандрит Захариј, ученикот на старец Софрониј (Сахаров) во посета на САД (22.02.2008)
На 10 февруари архиепископот Димитиј, надлежен архиереј на југот на САД (Православна Црква на Америка), клирот и парохијаните при соборниот храм на преподобен Серафим во Далас, држава Тексас, го примија архимадритот Захариј, сожителот на ставропигијалниот манастир на свети Јован Крстител во Есекс (Англија).
Пред пристигнувањето во Далас, отец Захариј учествуваше на собранието на свештенството на Западната епархија на Антиохиската архиепископија на Северна Америка.
Во соборната црква на преподобниот Серафим, архимандритот одржа проповед, обрнувајќи им внимание на верните на тоа дека Закхеј толку многу се стремеше да Го види Христа, што беше решен да претрпи понижување и потсмев од присутните, и претрпувајќи го понижувањето од светот, доби, заедно со сите домашни, спасение.
Во Далас архимандритот Захариј го возглави еднодневното молитвено собрание, коешто го организираше православната мисионерска група на Северен Тексас во грчката црква на Света Троица.
Во двата храма на средбата со отец Захариј се собраа големо мноштво верни за кои беше посебен благослов да ги слушнат неговите трудови и реферати, како и неговите мудри одговори на прашањата од свештенослужителите и мирјаните, јавува официјалниот сајт на Православната Црква во Америка.
Архимандрит Захариј е автор на две книги со православна аскетика, неодамна издадени: “The Enlightment of the Heart” („Просветлување на срцето“) и “The hidden man of the heart” („Сокриениот човек на срцето“). Учител на отец Захариј беше архимандритот Софрониј Сахаров (1896-1993), основач на манастирот на свети Јован Крстител во Есекс, ученик и биограф на преподобен Силуан Атонски (1866-1938).
Извор: Патриархиа.ру