Ерусалимскиот патријарх Теофил III го одбележа именденот на Рускиот Патријарх Алексиј
 
 
 
 
 

Ерусалимскиот патријарх Теофил III го одбележа именденот на Рускиот Патријарх Алексиј (26.02.2008)

На 25 февруари 2008 година, на именденот на Рускиот патријарх Алексиј во храмовите на Руската духовна мисија во Ерусалим беа отслужени празнични богослужби.

По тој повод, во храмот на светата маченичка царица Александра, Блажениот патријарх на Светиот Град Ерусалим и цела Палестина Теофил, во сослужение со старешината и членовите на мисијата отслужи молебен. На молебенот присуствуваа членови на братството на Светиот гроб, амбасадорот на Руската Федерација во Израел, грчкиот конзул и други гости.

„Ерусалимската Патријаршија како Црква на Христовиот Град се радува заедно со Светата братска Православна Црква во Русија по повод денешната свеченост.... Неговата Светост Рускиот патријарх, возљубен во Христа брат, во своето долгогодишно служење на Светата Руска Црква е црковен лидер, кој со својата енергична пастирска дејност, како во Русија, така и надвор, ги обедини сите членови на Телото на Руската Црква во руската нација низ целиот свет“, рече Ерусалимскиот патријарх после молебенот.

Во знак на почит кон просветлувачкиот труд, Ерусалимскиот патријарх на Рускиот патријарх му предаде два сребрени свеќници, кои ја симоблизираат светлината Христова, која ја внесува во светот Поглаварот на Руската Црква.

 

Извор: Patriarhia.ru