Тројца нови Епископи на Бугарската Православна Црква (27.02.2008)
Вчера, Светиот Синод на Бугарската Православна Црква донесе решение уште тројца клирици на Бугарската Црква да бидат хиротонисани за Епископи. Тоа се: архимандритот Борис, игумен на Бачковскиот манастир, архимандритот Антониј, протосингел во Пловдивската митрополија и архимандритот Кипријан, протосингел во Врачанската митрополија.
Архимандритите Кипријан и Антониј после хиротонијата веројатно ќе бидат назначени за викарни епископи на соодветните митрополии.
Извор: Дверибг.нет