Претседателот на Украина потпиша указ за одземање на Киево-Печерската лавра од Украинската Православна Црква
 
 
 
 
 

Претседателот на Украина потпиша указ за одземање на Киево-Печерската лавра од Украинската Православна Црква (28.02.2008)

Претседателот на Украина Виктор Јушенко нареди комплексот на Киево-Печерската Лавра да биде предаден во државна сопственост. Тоа е направено со специјален указ, потпишан на 25 февруари оваа година, под наслов „За неодложните мерки за развој на градот Киев“.

Според инструкциите на претседателот со цел да се создадат соодветни услови Киев да ја исполнува функцијата на главен град на Украина, гарантирање на правата на граѓаните и создавање на благопријатни услови за живот во Киев, со цел зачувување на историско-културните објекти на градот, обезбедување на ефективна работа и понатамошен развој на транспортната инфраструктура, секојдневното опслужување на населението на Киев, на Владата и на киевската градска управа им се налага „да преземат неодложни мерки по предавањето на комплексот на Киево-Печерската лавра“.

 

Извор: Богослов.ру