Двајца кандидати предложени за слободниот престол на митрополијата на Молдавија и Буковина (28.02.2008)
На 23 февруари 2008 година, се одржа седница на митрополитскиот синод на митрополијата на Молдавија и Буковина, на која учествуваа членови на епархискиот собор на архиепископијата на Јаши, а исто така и членови од црковниот клир и мирјани од епархиите на Молдавија и Буковина, делегати во националниот црковен собор, во кој според уставот за организација и функционирање на Романската Православна Црква, учестуваа и деканот на Теолошкиот факултет при Универзитетот во Јаши, како и директорот на Богословијата на митрополијата. На оваа седница беа присутни сите 30 членови на епархискиот собор на архиепископијата на Јаши, 9 претставници на трите епархии што се под јурисдикција на митрополијата (архиепископијата на Сучеава и Радауци и епископијата на Роман и Хуши), како и двајцата претставници на теолошките институции во Молдавската митрополија. По тајното гласање, двајцата кандитати предложени за испразнетиот престол на митрополијата на Молдавија и Буковина се: Неговото Преосвештенство Касијан епископ на Долниот Дунав и Неговото Преосвештенство Јован епископ на Ковасна и Харгита, односно истите кандидати предложени претходниот ден од митрополитскиот синод на митрополијата на Молдавија и Буковина. Записникот со имињата на кандидатите беше испратен до Светиот Синод на Романската Православна Црква.
извор: официјалниот сајт на Романската Православна Црква