Во Ставропол се одржа прво заседание на епархискиот Оддел за спречување на наркоманијата и алкохолизмот
 
 
 
 
 

Во Ставропол се одржа прво заседание на епархискиот Оддел за спречување на наркоманијата и алкохолизмот (02.03.2008)

На 26 февруари, во Ставропол, со благослов на архиепископот Ставрополски и Владикавказски Теофан, се одржа прво заседание на новоформираниот епархиски Оддел за спречување на наркоманијата и алкохолизмот.

Одделот беше формиран во декември 2007 година со цел да го координира развојот на црковните работи за спречување на наркоманијата и алкохолизмот, превентива и рехабилитација на наркозависниците и зависниците од алкохол и нивно привлекување кон евхаристискиот и заедничкиот живот во Црквата.

Задачата на Одделот е развојот на работата околу воспитувањето и зацврстувањето на традиционалните основи на семејството, граѓанскиот патриотизам и народната трезвеност.

На заседанието се разгледуваа целите на задачите, структурата на новиот епархиски Оддел, а исто така определен е план на работата за блиско време. Така, до крајот на годината, после преземените превентивни мерки, ќе бидат организирани семинари и округли маси, и претставниците на Одделот ќе земат учество во творечките конкурси и фестивали.

Опитот во работата со наркозависниците, кој веќе го поседуваат во Ставрополската епархија, сведочи за тоа дека социјалното служење на Црквата му е потребно на општеството. Затоа, учесниците на заседанието истакнаа дека отворањето на нови консултациски пунктови и филијали на Спасо-Преображенскиот рехабилитациски центар ќе им помогне на наркозависниците.

 

во епархискиот рехабилитациски центар за наркозависници во селото Сапорное                           во епархискиот рехабилитациски центар за наркозависници во селото Сапорное

Известува: Patriarhia.ru