Обновен е составот на Светиот Синод на Цариградската Патријаршија
 
 
 
 
 

Обновен е составот на Светиот Синод на Цариградската Патријаршија (04.03.2008)

Како што се практикува во Цариградската Патријаршија при сегашниот Патријарх Вартоломеј, составот на Светиот Синод кој има 12 члена, се обновува на секои шест месеци, со цел што повеќе Митрополити да земат учество во управувањето со оваа Патријаршија, која има јурисдикции низ целиот свет, вклучувајќи ја и територијата на Грција. Притоа, Патријархот повикува не само Митрополити од територијата на Турција, но и од другите земји на светот, за да земат учество во синодалниот состав на принцип “6 спрема 6“. Независно од протестите на турската држава дека Патријаршијата не ги запазува нејзините барања членовите на Синодот да се само турски граѓани и Митрополитити од Турција, Патријархот и овој пат го направи следниот состав на Митрополити, коишто ќе заседаваат под негово претседателство:

 

1. Митрополитот на Пегра Евангел (Турција)

2. Митрополитот на Листра Калиник (Турција)

3. Митрополитот на Дерка Константин (Турција)

4. Митрополитот на Илиупол и Тира Атанасиј (Турција)

5. Митрополитот на Белгија Пантелејмон

6. Митрополитот на Денвер Исаија (држава Колорадо, САД)

7. Митрополитот на Јерапитна и Ситија Евгениј (о. Крит, Грција)

8. Митрополитот на Мосхонисија Апостол (Турција)

9. Митрополитот на Дарданелите Никита (Беркли, Калифорнија, САД)

10. Митрополитот на Сасима Генадиј (родом од Солун, раководи со оддел во патријаршијата)

11. Митрополитот на Иконија Теолипт (Турција)

12. Митрополитот на Лерос, Калимнос и Астипалеја Паисиј (Грција)

 

Мандатот на овој состав на Светиот Синод ќе трае од 1 март до 1 август 2008 година.

 

Извор: Dveri.bg