Богослужби на 40-от ден од упокојувањето на Архиепископот Христодул во Грција
 
 
 
 
 

Богослужби на 40-от ден од упокојувањето на Архиепископот Христодул во Грција (04.03.2008)

На 40-от ден од упокојувањето на Архиепископот Атински и на цела Грција Христодул во катедралниот храм и на Првото атинско гробиште денес беа отслужени богослужби. Во богослужбите, на кои присуствуваше мноштво верен народ, учество зедоа новиот поглавар на Грчката Православна Црква Архиепископот Иероним и членовите на Светиот Синод.

При излезот од соборниот храм на грчкиот главен град, Архиепископот Иероним изјави дека секој е неповторлив по својата природа. Неповторлива харзима имаше, според него, и покојниот Владика Христодул.

Крај гробот на Архиепископот Христодул, Митрополитот на Сирос Доротеј си спомна на зборовите на еден поет кој вели дека “починатите умираат тогаш, кога ќе ги заборават живите”.

 

Бог да го прости!

 

Извор: Patriarhia.ru