Седница на Светиот Архиерејски Синод на Романската Православна Црква ќе се одржи во периодот меѓу 5-7 март 2008 заради избор на архиереи за испразнетите митрополитски катедри
 
 
 
 
 

Седница на Светиот Архиерејски Синод на Романската Православна Црква ќе се одржи во периодот меѓу 5-7 март 2008 заради избор на архиереи за испразнетите митрополитски катедри (05.03.2008)

Светиот Архиерејски Синод на Романската Православна Црква ќе се одржи во периодот од 5-7 март 2008 година во резиденцијата на патријаршијата во Букурешт. Главна точка на дневниот ред е изборот на архиереи за празните престоли, кои се одредени од митрополитските синоди, во соработка со епархиските собири. Така, предложени се следните кандитати за празните места:

 – Неговото Преосвештенство Јован епископ на Харгита и Ковасна и Неговото Преосвештенство Касијан на Долниот Дунав – за празниот престол за архиепископ на Јаши и митрополит на Молдавија и Буковина

 – Неговото Преосвештенство Висарион Расинареану, викарен епископ на архиепископијата на Сибиу, и Неговото Преосвештенство Иринеу Слатинеанул, викарен архиереј на епископијата на Рамник – за празниот престол за епископ на Тулчеа.

 – Неговото Преосвештенство Себастијан Илфовеанул, викарен епископ на архиепископијата на Букурешт, и Неговото Преосвештенство Корнелиу Барладеанул, викарен архиереј на епископијата на Хуши – за празниот престол за епископ на Слатина.

 – Неговото Преосвештенство Иринеу Бистритеанул, викарен архиереј на архиепископијата на Клуж, и Неговото Преосвештенство Петрониу Салажанул, викарен архиереј на епископијата на Орадеа – за празниот престол за епископ на Салаж.

 – Неговото Преосвештенство Силуан Марсилианул, викарен епископ на романската православна митрополија на западна и централна Европа – за празниот престол за епископ на православната романска епископија на Италија.

 – архимандритот Тимотеј Лауран - за празниот престол за епископ на романската православна епископија на Шпанија и Португалија.

 - протоереј Макариј Драгој - за празниот престол за епископ на романската православна епископија на северна Европа.

 - архимандритот Михаил Филимон, административен викар на архиепископијата на Букурешт – за слободниот престол за епископ на романската православна епископија на Австралија и Нов Зеланд.

 

Извор: Trinitas