Рускиот патријарх – човек на годината во Русија (06.03.2008)
Наградата „Човек на годината во Русија“ за 2007 година беше доделена на патријархот на Москва и цела Русија Алексиј IІ. Церемонијата на доделувањето на наградата се одржа денес во Москва. Неговата Светост е удостоен со оваа награда за номинацијата „Духовна возобнова на Русија“.
Како што забележа претседателот на Руската академија г-ѓа Вербулина, обединувањето на Руската Црква во Русија и во странство, се случило на 17 мај 2007 година како резултат на потпишувањето на „Актот за канонско единство“ од страна на патријархот Алексиј и првоерархот на РПЦЗ митрополитот Лавр во Москва е „вистинска победа на конструктивната идеја и соработка на православните верни од многу земји“.
Од своја страна патријархот изјави: „Долгот на сите нас е да служиме на единството како внатре во земјата, а особено на обединувањето на Русите, растурени низ целиот свет.“
Извор: Интерфакс