Патријархот Вартоломеј и папата Бенедикт отслужија заедничка молитва
 
 
 
 
 

Патријархот Вартоломеј и папата Бенедикт отслужија заедничка молитва (06.03.2008)

На 6 март папата Бенедикт XVI се сретна со Цариградскиот патријарх Вартоломеј. По завршетокот на средбата отслужија заедничка молитва во параклисот на Урбан VIII во Апостолскиот дворец.

Ова е трета средба на Римскиот папа и Цариградскиот Патријарх. Првата нивна средба се одржа за време на посетата на папата Бенедикт XVI на Истанбул во ноември 2006 година, потоа се сретнаа во Неапол, каде што Патријархот Вартоломеј зеде учество во Меѓународниот миротворен конгрес во ноември мината година.

Утрото Патријархот Вартоломеј претседаваше со академската церемонија на Папскиот Источен Институт, каде што тој во свое време добил докторско звање. Цермонијата беше посветена на 90-годишнината од Институтот.

На 4 март Патријархот Вартоломеј ја доби почесната титула “honoris causa” во сферата на меѓународните односи и дипломатија. Оваа награда беше доделена на Универзитетот Триеста (Северна Италија).

Патријархот Вартоломеј го придружуваа Митрополитот Италијански и Малтиски Генадиј, егзарх за Јужна Европа (Цариградска Патријаршија), Митрополитот Гелиуполски и Тиерски Атанасиј, а исто така ко-претседателот на Мешаната богословска комисија за екуменски дијалог меѓу Православната и Католичката Црква Митрополитот Пергамски Јован.

 

Извор: Patriarhia.ru