Православните и Католиците требале заедно да одговорат на светските предизвици, вели Патријархот Вартоломеј
 
 
 
 
 

Православните и Католиците требале заедно да одговорат на светските предизвици, вели Патријархот Вартоломеј (08.03.2008)

Цариградскиот патријарх одржа предавање за 90-годишнината на Папскиот Источен Институт. Митрополитот Пергамски Јован Зизиулас зборуваше за изолацијата на Руската Православна Црква која, традиционално, е неспособна да се соочи со модерниот свет.

 

Големата љубов за римокатоличко-православно единство како единствен начин за соочување со предизвиците на модерниот свет и длабоката тага заради самонаметнатата изолација на Руската Црква се главните точки што Цариградскиот патријарх ги нагласи во своето обраќање на Папскиот Источен Институт во Рим. Тие исто така се главниот удар во коментарите на Пергамскиот Митрополит Јован Зизиулас за говорот на патријархот. Според него, ставот на Руската Православна Црква е „конзервативен” и покажува неспособност да се соочи со предизвиците на модерниот свет.

 

Патријархот Вартоломеј беше поканет во Рим за 90-годишнината на Институтот кој ги вклучува добро познатите факултети за источно-црковни студии и источно-канонско право.

 

Патријархот зборуваше за тоа што Православната Црква очекува од оваа институција како служба на современиот свет. Во неговото воведно обраќање наречено „Теологија, литургија и тихување – основен поглед на источните Отци на модерниот свет”, го нагласи значењето на теологијата на големите Отци на Црквата, оние од обединетата Црква на првото илјадалетие, чијшто дух продолжува да живее на солидна основа во Равенскиот документ, кој пак е одговор на сестринските Цркви на предизвиците на современиот свет.

 

Какво спасително слово може теологијата на Источната Црква да му донесе на модерниот свет? На ова првично прашање патријархот Вартоломеј го започна одговорот со патристичка теологија, објаснувајќи дека таа не може да биде сведена на структуриран систем на вистината, туку напротив е светлина и благодат на Светиот Дух Кој ѝ дава живот на целата Црква и со тоа „го подмладува целиот свет”.

 

Теологијата којашто е отсечена од Црквата и општеството е „стерилна студија на доктринарни формулации, наместо обожена визија на убедување и посветеност, способна да го преобрази целиот свет”.

Најнапред, Отците на Црквата никогаш не ја сметале теологијата за монопол на професионалната академска или официјална хиерархија. Теологијата, забележа патријархот Вартоломеј, е заеднички опит или како што вели светиот апостол Павле „начин да се открие во што се состои распределбата на тајната криена од векови во Бога“ (Ефесјани 3, 9). На оваа позадина стои Црквата која го гарантира нормативниот континуитет на апостолското време, од времето на светите отци до денес. И кога Црквата се моли како литургиско собрание таа е навистина своја.

 

Благодарение на овој литургиски аспект, источните христијани беа охрабрувани за време на Отоманската Империја и во поскоро време во пост-револуционерна Русија. „Затоа ова длабоко чувство на заедништво мора исто така да го карактеризира нашето теолошко восприемање на светот денеска. Ова значи дека ниту еден поединец не може да ја исцрпи полнотата на вистината во изолација од другите, надвор од единството со светиите.“

 

Патријархот исто така зборуваше за римокатоличко-православниот дијалог. „Во однос на братските односи помеѓу сестринските Цркви, ако двете белодробни крила на Источната и Западната Црква мора да дишат во хармонија, ниту едно од нив не треба да преземе провокативни иницијативи – унилатерални или универзални – заради служба на Божјиот народ.“

 

На крај, „ве поттикнуваме да му служите на богословското слово дишејќи го здивот на теологијата и коленичејќи смирено пред живиот Создател“, рече патријархот, повикувајќи го Папскиот Институт „да игра одлучувачка улога во зближувањето на Истокот и Западот“.

 

Пергамскиот Митрополит Јован Зизиулас, еминентен православен теолог, зборуваше за тешкиот екуменски пат со Руската Православна Црква. Оваа изјава доаѓа само еден ден откако претставник на Московската Патријаршија ги советуваше православните верници да не се молат со членови на други христијански конфесии.

 

„Во Источната Црква, особено во Руската Црква, постои степен на изолираност кој води кон конзерватизам. Постои неспособност да се соочи со предизвиците на модерниот свет, користејќи го преданието како изговор“, рече Митрополитот Јован.

 

Епископот, кој го придружуваше Патријархот Вартоломеј на средбата со Бенедикт XVI, рече дека „вистинската вредност на преданието се достигнува само кога ќе го смениме обликот на нашето предание. Преданието како порака на христијанската Црква не значи да не се прави ништо; напротив, тоа го содржи моментумот на вистината и не се плаши од предизвиците на современиот свет.“

 

Извор: Directions to Orthodoxy