Избор на архиереи во Романската Православна Црква
 
 
 
 
 

Избор на архиереи во Романската Православна Црква (09.03.2008)

Митрополит Теофан, избран за Архиепископ на Јаши и Митрополит на Молдавија и Буковина

На синодската седница  на Романската Православна Црква на 5 март 2008 година, која се одржа во резиденцијата на Патријаршијата, под претседателство на Неговото Блаженство Даниел Патриарх на Романската Православна Црква, за празните епископски катедри беа избрани следните архиереи:

 

– Неговото Високопреосвештенство Теофан Митрополит на Олтенија – за Архиепископ на Јаши и Митрополит на Молдавија и Буковина, со 32 гласа.

– Неговото Преосвештенство Висарион Расинареану, викарен епископ на Архиепископијата во Сибиу – за епископ на Тулчеа, со 39 гласа

– Неговото Преосвештенство Петрониу Салазанул, викарен архиереј на Епископијата на Орадеа – за епископ на Салаж, со 28 гласа

– Неговото Преосвештенство Себастијан Илфовеанул, викарен епископ на Архиепископијата на Букурешт – за епископ на Слатина, со 38 гласа

– Неговото Преосвештенство Силуан Марсилианул, викарен епископ на романската православна митрополија на западна и централна Европа – за православната романска епископија на Италија, со 39 гласа

– Архимандритот Михаил Филимон – за епископ на романската епископија на Австралија и Нов Зеланд, со 38 гласа

– Архимандритот Тимотеј Лауран – за епископ на романската православна епископија на Шпанија и Португалија, со 39 гласа

– Протоиереј Макариј Драгој – за епископ на романската православна епископија на Северна Европа, со 42 гласа

 

Согласно со уставот за организација и функионирање на Романската Православна Црква, митрополит, архиепископ или епископ станува кандидатот кој ги добил гласовите на половина плус еден од сите присутни членови. Имајќи преглед дека на синодската седница учестувале 45  архиереи од вкупно 48, минималниот број на гласови за изборот на еден од празните престоли беше 23.

 

Извор: Trinitas