Митрополитот Мински Филарет награден со орден на Александриската Православна Црква (13.03.2008)
Од 28 февруари до 8 март во посета на светите места во Египет беше митрополитот Мински и Слуцки Филрет.
Владиката го посети манастирот на света Екатерина во подножјето на гората Синај, се поклони на моштите на основателот на Александриската Црква, светиот апостол Марко и отслужи молебен пред моштите на преподобните Макариј Египетски и Мојсеј Мурин.
За време на посетата, на 4 март, Митрополитот Филарет се сртена со Неговата Светост Теодор Втори, патријарх на Александрија и на цела Африка. Средбата се одржа во резинденцијата на Александриската Патријаршија во градот Александрија.
После взаемните поздравни слова, Поглаварот на Александриската Православна Црква му врачи на Владиката Филарет висока награда – орден на светиот апостол и евангелист Марко. По завршувањето на приемот патријархот Теодор организираше трпеза во чест на гостите.