Митрополитот Лавр ги негира песимистичките прогнози
 
 
 
 
 

Митрополитот Лавр ги негира песимистичките прогнози (14.03.2008)

Првоерархот на Руската Задгранична Православна Црква Митрополитот Лавр ги негира прогнозите за масовно напуштање на паствата на РЗПЦ после потпишувањето минатата година на актот за обединување на Задграничната Црква со Московската Патријаршија.

 

„Некои луѓе преминаа кон расколнички состави, но нивниот број не е голем. Масовно напуштање на нашата Црква немаше“, изјави Митрополитот Лавр.

Според неговите зборови, повеќето верници на РЗПЦ „спокојно и дури со воодушевување се однесуваа кон направениот историски акт – потпишувањето на „Актот за канонско единство“ и понатамошниот развојот на случувањата „не даваат никаков повод за загрижување“.

„Нашето единство тече во дух на мир и љубов: ние ја имаме претходната самосталност и никој не посега по нашата сопственост. Луѓето ги гледаат добрите плодови на нашето единство, и тоа за нив е самиот главен резултат од нашето обединување“, истакна Митрополитот Лавр.  

 

Извор: Православие.бг