Рускиот Патријарх Алексиј: „Споменот на Митрополитот Лавр ќе остане од род во род“
 
 
 
 
 

Рускиот Патријарх Алексиј: „Споменот на Митрополитот Лавр ќе остане од род во род“ (18.03.2008)

На богослужбата во Троицкиот соборен храм во Даниловиот манастир, Неговата Светост Патријархот Московски и на цела Русија Алексиј II се помоли за упокојување на новопреставениот Првоерарх на Руската Задгранична Црква Митрополитот Лавр.

„Пред нас е неговиот жив лик – рече поглаварот на Руската Црква. – Владиката само што ја посети Москва. Тешко ни беше да разбереме дека го видовме за последен пат, дека тоа беше неговата проштална посета“.

„Овие денови ние молитвено ќе го спомнуваме и ќе му благодариме за тоа што го овозможи соединувањето на Руската Задгранична Црква со Мајката-Црква. Мислам дека тој го впиша своето име во историјата на Руската Православна Црква, и неговиот спомен ќе биде од род во род – рече Неговата Светост Патријарх Московски и на цела Русија Алексиј II. Нека му е вечен спомен и благодарност“.

 

Извор: Patriarhia.ru