Равенскиот документ не е одобрен од Католичката црква
 
 
 
 
 

Равенскиот документ не е одобрен од Католичката црква (19.03.2008)

„Равенскиот документ – работен текст којшто не беше одобрен од Католичката Црква“, со тие зборови за православно-католичката изјава за приматот во Црквата се изјасни секретарот на Конгрегацијата за учењето на верата архиепископот Анџело Амато.

Според мислењето на некои експерти, коментарите на Амато треба да го стивнат ентузијазмот којшто се појави во екуменски настроените кругови на Католичката црква, после потпишувањето во октомври 2007 година во Равена на документот на десетата пленарна седница на мешаната православно-католичка богословска Комисија.

Во интервјуто на италијанскиот „Авенире“ архиепископот Амато изјави дека сега Конгрегацијата за учењето на верата внимателно го проучува Равенскиот документ. „Приматот – не е некоја факултативна придавка, туку најважен елемент којшто ја карактеризира помесната и вселенската Црква“, забележа ватиканскиот прелат, според чиешто мислење јазикот на текстот којшто е прифатен во Равена е поблиску до православната отколку до католичката црковна традиција.

 

Извор: Blagovest-info