Повеќе од 400 затвореници во Мурманската област (Русија) го држат Великиот пост
 
 
 
 
 

Повеќе од 400 затвореници во Мурманската област (Русија) го држат Великиот пост (20.03.2008)

Повеќе од 400 затвореници во поправната колонија од строг режим ИК-23 во селото Ревда (Мурманска област) го држат Великиот пост.

Според настојателот на храмот посветен на Царските маченици во ИК-23, свештеникот Леонид Сулоев, првата недела постот неколкумина осудени го поминаа особено строго: во понеделник и вторник не вкусија храна, само пиеја вода, потоа уште два дена – беа на сухојадение, и во петок навечер преминаа на варена храна.

Во тие денови, отец Леонид им врачи благодарници на девет осудени кои се подготвуваат за порано условно ослободување: заради учество во создавањето и утврдувањето на православната општина на територијата на ИК и за изградбата на дрвениот храм и камбанарија.

Православната општина во поправната колонија ИК-23 живее со полноправен живот: во храмот редовно се служат богослуженија, секојдневно се читаат утрено и вечерно правило, постои црковен хор и неделна школа. Бројот на верните постојано расте, сега храмот во колонијата го посетува секој четврти осуденик.

 

Извор: Patriarhia.ru