Над 160 хендикепирани луѓе ќе учестуваат во Светата Литургија (22.03.2008)
Над 160 хендикепирани луѓе од епископијата на Долниот Дунав (Романска Православна Црква), со благослов на епископот Касијан, ќе учестуваат во Светата Литургија, во втората недела од Великиот Пост. Оваа иницијатива е во согласност со мисионерската и социјална програма на Црквата, и ја исполнува пораката од Евангелието на нашиот Спасител Исус Христос за помош на ближните кои се немоќни. Над 160 хендикепирани ќе бидат вклучени во православните заедници, a ќе учествуваат свештеници, парохиски здруженија, асоцијации на православно-христијанската младина и верници од парохиите, кои сакаат да дадат помош на оние кои не можат да дојдат во црква, според примерот за раслабениот од Евангелието, кого го носеле пред Господ, кој не можејќи да го слушне словото на Спасителот го спуштија преку покрив.
Извор: Trinitas.ro