Грузиската Православна Црква го одбележа денот на својата автокефалност
 
 
 
 
 

Грузиската Православна Црква го одбележа денот на својата автокефалност (25.03.2008)

Грузиската Православна Црква денес го одбележа денот на автокефалноста. Во чест на тоа во сите храмови во Грузија се отслужија празнични богослужби. Благодарствен молебен во патријаршискиот соборен храм на Света Троица отслужи Грузискиот патријарх Илија II.

Според преданието, христијанството во Иверија го проповедале апостолите Андреј Првоповикан и Симон Кананит. Грузија станала христијанска земја во првата половина од 4 век. Грузиската Црква добила автокефалност во 457 година од Антиохиската Црква. Во 1811 година, после присоединувањето на Грузија кон Русија, автокефалноста на Грузиската Православна Црква била отповикана, и Грузиската Црква потпаднала под управа на Светиот Синод на Руската Црква со право на егзархат. Во март 1917 година автокефалноста и управата на Патријаршијата биле востановени. По признавањето на автокефалноста, прв патријарх на Грузија бил Кирион III. Светиот Синод на Руската Православна Црква ја призна автокефалноста на Грузија во 1943 година. Цариградската Патријаршија го потврди автокефалниот статус на Грузиската Православна Црква во 1989 година.

 

Извор: Patriarhia.ru